Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2021 година е 13,1, при што извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2 отсто, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4 отсто.
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје пораст е забележан во секторите Трговија на големо и трговија на мало, Поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 46 отсто, Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Снабдување со вода, Отстранување на отпадни води, Управување со отпад и дејности за санација на околината од 11,4 и Информации и комуникации од 5,7 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје номинално се зголеми за 14,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,2 отсто.