еМагазин
Image default
Бизнис

Раст од 13,1 на БДП во вториот квартал од годинава

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2021 година е 13,1, при што извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2 отсто, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4 отсто.

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје пораст е забележан во секторите Трговија на големо и трговија на мало, Поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 46 отсто, Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Снабдување со вода, Отстранување на отпадни води, Управување со отпад и дејности за санација на околината од 11,4 и Информации и комуникации од 5,7 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје номинално се зголеми за 14,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,2 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Реплек“ ја зголеми добивката за 29%

Редакција

Дизелот поевтинува за два денари, цените на другите горива не се менуваат

Редакција

МВР склучи договор со Аутомотив груп за набавка на возила, вреден 815,4 илјади евра

Редакција