еМагазин
Image default
Бизнис

Раст од 3 отсто: Уметниците и семејните компании го „пумпаат“ македонскиот БДП

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2018 година е 3 %.

Во третото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите: уметност, забава и рекреација, други услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 17 %.

Во трговија на големо и на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од растот е 9,4 %, а ви секторите стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности растот е 7,7 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2018 година, номинално расте за 5 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62.5 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 16.4 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 12.6 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вонредни контроли во Охрид, Струга и Дојран: АХВ извршила инспекција на 89 оператори, уништени 203 килограми на небезбедна храна

Редакција

Седум угостителски објекти добија забрана за вршење дејност поради непочитување на здравствениот протокол

Редакција

Владата ќе укине 10 илјади работни места, ќе го осиромаши буџетот за 280 милиони евра, реагираат од АПИС за Законот за игри на среќа

Редакција