Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листата на должници бр.08/2023 за долгови доспеани до 30.04.2023 и неплатени до 31.07.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници се објавени 1.812 должници – правни лица (повеќе за 30 од претходната листа) и 3.387 физички лица (помалку за 26 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 8.577.543.847 денари, (помалку за 134.147.335 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.386.077.148 денари, (помалку за 142.152.413 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 191.466.699 денари (повеќе за 8.005.078 денари од претходната листа).
Целата листа ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се најголемите должници на Листата на должници на УЈП за август