еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Реџепи ја напушта Алтернатива, ќе дејствува како независен пратеник

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива, партија која е дел од владејачкото мнозинство, во иднина ќе делува како независен пратеник.

Реџепи, како што објави ТВ 21, денеска упатил писмо до претседателот на Собранието Талат Џафери со кое го информира дека ќе делува надвор од пратеничката група на Алтернатива.

Во писмото тој наведува дека ќе дејствува како независен пратеник во Собранието, но не ги посочува причините за напуштањето на Алтернатива која стана дел од парламентарното мнозинство откако Беса излезе од владината коалиција.

МИА/Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„КА-ДИС“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на 7 амбулантни возила вреден 240.000 евра

Редакција

Запалено возилото на началникот на СВР-Штип

Редакција

Азманов поднел кривична пријава против Бојан Јовановски за изнуда и изнесување невистини

Редакција