еМагазин
Image default
Македонија

Реакција на Аваја: Ромите не ги признаваат резултатите од пописот

На денеска објавените податоци од Пописот, регираат и од здружението „Аваја“.

“Според нашите проценки базирани на официјалните државни податоци, од 2002 година до 2020 година вкупниот број на родени Роми изнесува 32.000, додека бројката на умрени изнесува 8.500. Според овие податоци, природниот прираст изнесува околу 24.000 Роми.

Споредбено со другите заедници, без етничките Албанци, Ромите имаат најголем експоненционален природен прираст. Покрај податоците на родени Роми, податоците за Роми во образовниот систем укажуваат на во просек 15.000 Роми ученици во текот на една училишна година.

Земајќи го во предвид и податокот дека околу 5.000 Роми не се дел од образовниот процес поради различни причини, произлегува дека во државата имаме околу 20.000 деца на училишна возраст Роми.

Доколку се земе во предвид дека едно ромско семејство брои во просек 5 члена, бројката укажува на 100.000 Роми во државата. За бројката на Роми во државата говорат и податоците од Агенцијата за вработување, каде што во текот на 2020 година имаме 14.401 активен барател на работа и 3.410 пасивни баратели на работа.

Воедно, според нашите податоци постојат околу 10.000 Роми кои не се регистрирани во системот на баратели на работа. Проекцијата и на овој збир укажува дека во државата треба да имаме околу 100.000 Роми,“ се вели во реакцијата на Аваја.

Од таму додаваат дека процентот од 2,53% Роми или 46.367 Роми резидентно население не е ниту 50% од бројката на Роми која живее во државата.

„Потсетуваме дека во текот на Пописот се затекнаа манипулации на терен со ромското население, се репортираа попишувачи кои попишуваа Роми под друга етничка припадност и се истакнуваа неправилностите во време на траењето на пописот.

Во Велес попишувач велел дека нема Ром/Ромка во пописниот прашалник – попишувачот бил отстрането, но по неколку дена попишувачот бил повторно вратен на терен.

Во Дебар, Кичево, Радовиш, Струмица, Виница, ромските семејства не беа прашувани за етничка припадност. Во овие градови, особено во Струмица и во Радовиш, статистичката операција беше претворена во операција на манипулација на ромското население.

Покрај тоа, постојат и населени места кои поради краткиот временски период не беа попишани.

По забележувањето на манипулациите и неправилностите на терен реакциите на Ромите беа дека податоците од овој спроведен Попис нема да бидат признаени од страна на ромското население.

Тоа се докажа и со објавувањето на денешните резултати, процентот на Роми во државата не е 2,53%. Гледајќи ја бројката и нотираните неправилности и манипулации, овој Попис го сметаме за невалиден.

Целта на спроведувањето на Пописот е генерирање на статистички податоци за креирање на политики, меѓутоа со оглед на тоа што овој попис не ја прикажува вистинската слика за процентот на Роми, сметаме дека спроведениот Попис нема да помогне во креирањето на политиките во државата.

Во овој период дополнително сме во процес на тестирање на податоци од базите на податоци од државата кои го имаат податокот на етничка припадност. Пописот како статистичка и политичка операција не завршува со објавување на податоците,“ додаваат од Аваја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките од пописот се поразителни, а операцијата некомплетна

За СДСМ Пописот е исклучително успешен и спроведен согласно закон и сите правила на Евростат

Левица: Резултатите од Пописот се фалсификувани и штелувани

Демократски сојуз: Пописот е неуспешен

Фото: Фејсбук/ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега аплицирани 175.348 дози вакцини, вчера се вакцинирале 14.548 граѓани

Редакција

Спасовски апелира граѓаните кои треба да ги менуваат пасоши да го направат тоа сега

Редакција

Одбраната бара од Апелација укинување на притворот за Боки 13

Редакција