еМагазин
Image default
Македонија

За СДСМ Пописот е исклучително успешен и спроведен согласно закон и сите правила на Евростат

Пописот на насението, домаќинставта и становите кој се одржа после 20 години во нашата држава, е голем успех за граѓаните и за државата воопшто, оцени пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска – Ванчева.

-Ние од самиот почеток сме конзистентни дека пописот е неопходен и мора да се случи и можам да кажам дека сме навистина задоволни затоа што успешно спроведен попис после 20 години за прв пат, комбиниран попис, кој што се спорведе во ек на пандемија со сите заштитни протоколи и исклучително успешен.

Кога 99 проценти ќе бидат попишани тоа е резултат со кој што не можат да се пофалат многу развиени европски држави, рече Калеска – Ванчева пренесувајќи го ставот на пратеничката група на СДСМ.

Таа не сакаше да го коментира ставот на опозициската Левица, и нагласи дека пописот е спроведен согласно закон и сите правила на Евростат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Резултатите од Пописот се фалсификувани и штелувани

-Клучно е што после 20 години оваа држава ќе добие релевантни податоци кои што се однесуваат на бројот на резиденти, бројот на нерезиденти, но најмногу и најважно е на бројот на резиденти и бројот на домаќинста, станови.. и сите тие податоци се исклучително важни заради општетствениот и економскиот развој на државата во следниот период, рече Калеска – Ванчева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Попис: Македонија има вкупно население од 2.097.319 лица од кои 54,21% Македонци и 29,52 Албанци

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнуваат уставните измени: Добро утро, Северна Македонија

Редакција

Убава вест: Оздравени 114 болни од Ковид-19

Редакција

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Редакција