еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почнуваат уставните измени: Добро утро, Северна Македонија

Пратениците во македонското Собрание синоќа со 80 гласа „за“ и 39 „против“ изгласаa старт на процедурата за измена на македонскиот Устав, што е предвидено со договорот за името со Грција.

Основната промена е тоа што Македонија ќе добие ново име – Северна Македонија и за надворешна и за внатрешна употреба.

Промената на уставното име на Македонија ќе има два преодни периода: „технички“ и „политички“.

“„Техничкиот“ преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Република Македонија за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата.

Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува со истекот на нивното важење, но најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на договорот.

„Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Република Македонија. Издавањето на ваквите документи и материјали ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантната област во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш„, стои во владиниот предлог за уставните измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стартува промената на Уставот: Која е процедурата понатаму

Што побараа пратениците на опозицијата кои гласаа „за“ промена на Уставот

Кои пратеници од опозицијата гласаа „За“ промена на Уставот?

Сите детали од владиниот предлог за промена на Уставот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Енвер Хусејин, заменикот на Јагода Шахпаска

Редакција

Како 16 партизани од одредот „Гоце Делчев“ го почна народното востание против фашизмот: Македонија го слави 11 Октомври

Редакција

Обвинение за новинар од порталот „Инфомакс“ за објавување на записникот од „Рекет“

Редакција