Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Виница-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, а на активни случаи 381.
Последната дистрибуција по градови е Скопје – 647, активни 145, Куманово – 418, активни 22, Дебар – 51, активни 0, Штип-38, активни 4, Прилеп –203, активни 59, Тетово – 151, активни 63, Струга – 71, активни 5, Велес – 126, активни 53, Битола –27, активни 8, Охрид –21, активни 6, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –21, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 1, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 3, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 1, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 1, Свети Николе-1, активни 1.
“Направените 512 теста се преку: Институт за јавно здравје –235, Ветеринарен факултет -15, Авицена –15, Биотек -48, Филип Втори (Жан Митрев) –53, Систина со PCR метода -31 и МАНУ -115.
Досега во земјата се направени вкупно 22.767 тестирања на Kовид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1.131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на Ковид-19 во Битола.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 5 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 27 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 2, a со потешка клиничка слика се уште 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 6 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.
На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на Kовид-19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починаа уште четворица пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 110
Убава вест: Оздравени уште 16 пациенти од корона вирусот, вкупно 1.367