еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во земјава вратени борци на ИСИС, македонски државјани, кои војувале во Сирија и Ирак

Во текот на вчерашниот ден, на 17 јули 2021 година, во доцните вечерни часови, Владата успешно го заврши процесот на репатријација на државјани на Македонија од Сирија и Ирак за 4 мажи – странски терористички борци, 5 жени и 14  деца.

Процесот е спроведен согласно обврските на Македонија кои произлегуваат од меѓународното право, меѓународното право за човекови права, меѓународното хуманитарно право, стандардите и резолуциите на Советот за безбедност при Обединетите нации.

„Против четворицата странски терористички борци, по претходно обезбедени докази од страна на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, и во координација со Агенцијата за национална безбедност, поднесени се соодветни кривични пријави во согласност со националното законодавство.

Поради нивна недостапност на органите на прогонот, за истите имаше распишано меѓународни потерници, а во нивно отсуство, определена е мерка притвор, со решение на надлежен суд.

Репатрираните жени и деца ќе подлежат на четиринаесет дневен здравствен карантин на доброволна основа и неопходни лекарски прегледи, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, со цел заштита на јавното здравје.

Во наредниот период, надлежните служби ќе работат на обезбедување докази за можно учество во инкриминирани дејствија, за секој случај поединечно.

Со исклучување на можноста за нивна вклученост во дејствија кои подлежат на казнено – правна одговорност, почитувајќи го во целост начелото на доброволност, ќе отпочне процесот на нивно рехабилитирање, ресоцијализирање и реинтегрирање во заедницата, односно во општеството,“ се вели во соопштението.

Сите мерки и активности кои се преземаат од страна на институциите се базираат на обврските од Националниот план и процедурите за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на повратници од странски војски и членови на нивните семејства, усвоени од страна на Владата, а за чија координација и имплементација е надлежна Канцеларијата на Националниот координатор за спречување на  насилен екстремизам и борба против тероризам, велат од Владата.

Македонија, како членка на НАТО и Глобалната коалиција за борба против ИСИС, во соработка со нашиот стратешки партнер САД, останува посветена во примената на највисоките стандарди во борбата против насилниот екстремизам и тероризмот, со цел осигурување на безбедност, сигурност, стабилност и просперитет на највисоко ниво за граѓаните на нашата земја и пошироко во регионот, велат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во затворот во Штип пронајдени мобилни телефони, ладно оружје, пари, дрога…

Редакција

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ББ+ стабилен

Редакција

Каменос има план Б, ако не успее договорот од Преспа

Редакција