еМагазин
Image default
Балкан

Радев: Мора да имаме влада, Бугарија нема време за губење за да организира избори по избори

Ние мора да имаме влада, сите го очекуваме тоа, не мислам дека Бугарија има време за губење и да организира избори по избори, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев во Созопол.

Како што јави БТА, тој потенцира дека очекува одговорен став од сите политички партии, дијалог и консензус за важните приоритети.

– Сега е време сите да покажат одговорност, истакна Радев.

Тој посочи дека се надева дека нема да се организираат нови избори.

– Но, ако сепак е потребно, ќе ја разберете мојата одлука за тоа дали истата привремена влада ќе остане или ќе има смени, наведе Радев.

На прашањето како би ја оценил работата на сегашната привремена влада, претседателот рече дека ја извршува својата работа на најдобар можен начин во оваа ситуација.

МИА/Фото: Фејсбук/Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција со нови мерки поради зголемениот број на заболени со Ковид-19

Редакција

Договорот од Преспа утре на пленарна седница во грчкиот Парламент

Редакција

Бугарската собраниска Комисија за надворешни работи утре ќе го разгледува „францускиот предлог“

Редакција