еМагазин
Image default
Бизнис

„Реплек“ ја зголеми добивката

„Реплек“ АД Скопје во периодот од 1 јануари 2018 година до 30 јуни 2018 година оствари неконсолидирана добивка пред оданочување во износ од 86.916.000 денари и бележи пораст за 47% во однос на истиот период претходната година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Остварената добивка пред оданочување во најголем дел произлегува од евидентираните приходи од вложувања во поврзаните субјекти во износ од МКД 83.208.000 денари, од остварениот резултат во 2017 година.

Консолидираната оперативна добивка за периодот од 1 јануари 2018 година до 30 јуни 2018 година на Реплек АД Скопје изнесува 65.462.000 денари и е зголемена за 32% во однос на истиот период претходната година.

Оперативните приходи изнесуваат 473.548.000 денари и се зголемени за 15%, а оперативните расходи изнесуваат 412.311.000 денари и бележат зголемување за 14% во однос на истиот период претходната година.

Приходите од продажба на странски пазар имаат учество од 57% во вкупните приходи од продажба (2017: 56%) и имаат зголемување од 19% во однос на истиот период минатата година. Приходите од продажба на домашен пазар имаат учество од 43% во вкупните приходи од продажба (2017: 44%) и имаат зголемување од 11% во однос на истиот период минатата година.

Консолидираната добивка пред оданочување изнесува 65.745.000 денари и бележи пораст за 33% во однос на истиот период претходната година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велешки Кристал 1923 со добивка во првите девет месеци

Редакција

Поскапуваат дел од поштенските услуги: Колку ќе чини да испратите писмо и пратка во странство

Редакција

АХВ донесе сет мерки за одгледувачите на свињи за заштита од африканска чума

Редакција