еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Рестрикции на струја нема да има, но кризна состојба ќе биде прогласена, најави Бектеши

Рестрикции на струја нема да има, но кризна состојба ќе има со цел да може да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании, истакна министерот за економија Крешник Бектеши, кој во гостување на телевизија „Алсат“ порача дека Владата ја следи ситуацијата.

– Моментално не се предвидени рестриктивни мерки, но ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор со единствена цел да може да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании во земјата, вклучувајќи ги и ЕСМ и МЕПСО за да се зголеми нивната ликвидност, за да може да се интервенира во увозот на струја, рече Бектеши.

Најави дека уште на првата владина седница, која треба да се одржи во вторник, ќе предложи да се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор.

– Утре и во петок ќе имаме средба со членовите на Комисијата предвидена во рамки на Уредбата за прогласување кризна состојба. И јас како министер за економија на првата владина седница, која се предвидува да се одржи во вторник, ќе и предложам на Владата да ја прогласиме оваа состојба, рече Бектеши.

Колку средства од буџетот, ќе бидат трансферирани за енергетските компании ќе се знае утре или задутре кога, како што рече Бектеши, ќе се направат конечните анализи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маржата и профитот ќе се тргнат целосно или ќе се редуцираат при носењето на следната одлука на цената на струјата, изјави Бислимоски

Мора да се прогласи енергетска криза, смета Азески

Што пишува во Уредбата за прогласување на кризна состојба при недостиг на струја, донесена од Владата

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад и на прометот и на бројот на трансакции на Македонската берза во ноември

Редакција

Пандемијата е далеку од завршена: Европа е единствениот регион во светот каде што расте бројот на заразени со Ковид-19

Редакција

Објавен јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови авио-дестинации

Редакција