еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 168.284 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 446.195 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 252.537 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 1.391 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.631 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 420.821 дози вакцини, а ревакцинирани се 168.284 граѓани.

Со последните бројки 48% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ велат од Министерство.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гордана Силјановска влегува во трката за претседател: Кои се другите кандидати од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Починаа двајца пациенти од корона вирусот, вкупно 532

Редакција

Почнува судењето за нападот врз Пендиков

Редакција