еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 203.856 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 456.607 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 278.202 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 2.683 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.202 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 482.058 дози вакцини, а ревакцинирани се 203.856 граѓани.

Со последните бројки 50% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче очекува колективен имунитет на Ковид-19 да се постигне до крајот на летово

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев вели дека сите препораки за Законот за јазици од Венецијанска комисија ќе бидат прифатени

Редакција

Русија протера уште еден македонски дипломат како одговор на протерувањето на рускиот во август

Редакција

Директорот на ОТА тврди дека нема да ни се повторат „бомбите“

Редакција