еМагазин
Image default
ЖИВОТ

АХВ со препораки: Внимавајте од каде и каква храна купувате, избегнувајте кечаб, мајонез, сосеви

Најавеното зголемување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надминат 40 степени Целзиусови, ги зголемуваат ризиците од труење со храна и претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува граѓаните да купуваат храна од проверени места, каде производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди.

„Да не се купува и консумира храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна како што се месото, млекото, јајцата и други производи, по пазарењето да не се чуваат долго време во автомобилите и во други транспортни средства.

Да не се купува разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или замрзнувач.

Во фрижидерите храната да се чува на температура пониска од 5 степени Целзиусови и тоа на најгорните полици зготвената храна, а на подолните суровата. Термичката обработка на храната да се врши на температура повисока од 60 степени Целзиусови.

Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат,“ велат од АХВ.

Од таму препорачуваат дека ако се јаде во угостителски објекти, да се води сметка тоа да се оператори со храна кои водат сметка за хигиената и безбедноста и да имаат добра репутација.

„Во објектите за брза храна да се одбегнува да се користат додатоци кои не стојат во ладилник како што се мајонез, кечап, крем салати, сосови, преливи и слично,“ велат од таму.

Високите температури се стрес за животните и тој може да се манифестира со намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст.

„Високиот процент влага и недоволната вентилација во објектите може да биде причина за појава на топлотен удар кај животните, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на животните на сонце.

Исходот може да биде фатален и во двата случаи доколку не се делува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на состојбата.

Во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно свеж воздух, да му се даде доволна количина свежа вода,“ се додава во соопштението.

Од АХВ препорачуваат телесната температура да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода, или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но, треба да се внимава ладењето на животното да биде постепено. На животните да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода и престој во проветрени простории.

Фото: Photo by Tim Stief on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лани од насилна смрт во Македонија умреле 486 лица

Редакција

Доктор Беќаровски: Иселениците кои летово ќе си дојдат дома да се вакцинираат или барем да направат тест за Ковид-19

Редакција

Проф. Трајковски: Уште долго време епидемијата ќе осцилира како јо-јо, досегашните бранови се повторуваа со период од околу 4-5 месеци

Редакција