еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 245.231 граѓани: 54% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 496.228 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 417.141 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 7.751 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.213 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 662.372 дози вакцини, а ревакцинирани се 245.231 граѓани.

Со последните бројки 54% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 52% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 47% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 39% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.

Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Романскиот воен авион со голем капацитет, Ц-27 Спартан, се вклучува во борбата со пожарите

Редакција

Пополнети капацитетите на инфективното одделение во кумановската болница

Редакција

Левица ја оспори двојазичноста на полициските униформи пред Уставен суд

Редакција