еМагазин
Image default
Македонија

Левица ја оспори двојазичноста на полициските униформи пред Уставен суд

Левица денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на уредбата со која Владата практично воведува двојазичност на униформите на полицијата, велат од партијата.

„Сметаме дека ваквата уредба како општ подзаконски акт на Владата е во спротивност со Уставот, со други подзаконски акти, со Законот за јазици, Законот за внатрешни работи, како и со Законот за полиција.

Постојат многу формално-правни и материјално-правни причини овој акт на Владата да биде целосно укинат и тоа е образложено во нашата иницијатива која ја поднесовме до Уставниот суд.

Би сакал да нагласам дека ова е уште едно деградрање на македонскиот јазик и удар врз македонскиот идентитет. Практично, Владата на Република Македонија, не само што го миноризира македонскиот јазик и го деградира македонскиот идентитет под притисок на меѓународните односи, односно прифаќање на великобугарските шовинистички барања, туку самоиницијативно без да биде притисната од никого од надвор, со умисла прави омаловажување на македонскиот јазик и го става во подредена позиција, а тоа директно го нарушува македонскиот идентитет.

Практично, сите лажни ветувања на владата за ‘европеизација’, тука паѓаат во вода“, изјави на прес-конференција Реџеп Исмаил – Хактан, член на Президиумот на Левица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството отвори истрага за нови кривични дела за случајот со Драги Рашковски

Редакција

Поради бегството на Мемети разрешен директорот на Управа за извршување на санкциите Марјан Спасовски

Редакција

Се очекува број да расте: Четири нови случаи со Ковид-19 во Дебар

Редакција