еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани 43,6% од полнолетните граѓани, вчера трета доза примиле 44 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.014 дози вакцини, од кои 1.240 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 44 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерство за здравство.

„Заклучно со 29 септември вкупно се вакцинирани 786.979 граѓани, ревакцинирани се 726.625, а трета доза примиле 181 граѓани.

52% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирании, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2%, а со две дози опфатени се 43,6% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина,“ се додава во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запленети „БМВ“, „ауди“, „мерцедес“, „тесла“ со странски регистарски таблици, управувани од македонски државјани

Редакција

Откако му се влошила состојбата, 70-годишен велешанец починал од коронавирусот на пат кон Скопје

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа е хоспитализиран 81 пациент, а вкупно се лекуваaт 698

Редакција