еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Запленети „БМВ“, „ауди“, „мерцедес“, „тесла“ со странски регистарски таблици, управувани од македонски државјани

Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи се запленети 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани, информираа од Царинската управа.

Запленетите возила се од различни марки, а меѓу нив, четири се марка „мерцедес“, три се марка „ауди“, две се марка БМВ, едно патничко товарно возило е марка „тесла“ и др., а сите возила биле управувани од македонски државјани на територија на Македонија повеќе од шест месеци.

Против сторителите на прекршоците ќе биде поднесено Барање за поведување прекршочна постапката до надлежниот суд.

Имено, во согласност со законските надлежности на Царинската управа, кои се во согласност со критериумите и условите пропишани во Истанбулската конвенција за привремен увоз, одредби од Царинскиот закон и одредби од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон, граѓаните на Македонија и странците можат привремено да внесат и да управуваат возило на територијата на Македонија за време на нивниот престој, но, најмногу шест месеци во период од 12 месеци, по што возилото мора да ја напушти територијата на земјата.

Во спротивно ќе треба да се пријават на најблиската царинска испостава во местото каде привремено престојуваат и да започнат соодветна царинска постапка за увоз или привремен увоз на возилото.

Фото: Царинска управа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се меша ли Османи во внатрешните работи на Бугарија со проверката за тоа кој стоел зад македонскиот клуб во Благоевград?

Редакција

Гази Баба го надмина Аеродром: Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Вонреден состанок на валандовскиот кризен штаб поради состојбата со Ковид-19

Редакција