еМагазин
Image default
Македонија

Вонреден состанок на валандовскиот кризен штаб поради состојбата со Ковид-19

Од почетокот на пандемијата до денеска, на територијата на општина Валандово се регистрирани вкупно 20 инфицирани пациенти од коронавирусот од кои девет се веќе оздравени, а моментно активни се, до сега рекордни 11 случаи.

Здравствените власти упатија предупредување дека епидемиолошката состојба во општината се влошува, поради што вонредно заседаваше и Кризниот штаб со кој раководи градоначалникот Перо Костадинов.

Поради влошената епидемиолошка слика беа донесени заклучоци со кои се наложува максимална институционална вклученост на сите чинители во борбата против Ковид-19, да се интензивираат контролите на полицијата и пазарниот инспекторат низ општината и редовно да се дезинфицираат детските градинки, училиштата и останатите институции во општината.

Од ТППЕ Валандово и јавното комунално претпријатие беше побарано секојдневно да вршат дезинфекција на улиците и јавните површини,а до граѓаните беше упатен апел за целосно почитување на мерките за заштита од ширење на вирусот и на пропишаните протоколи за работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во гевгелиско, 25 пациенти со сериозни здравствени проблеми предизвикани од Ковид-19

МИА/Фото: Општина Валандово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И екс-министерот Јанакиески отиде во самоизолација

Редакција

Поради изолација на судијата Огнен Ставрев, одложено рочиштето за „Титаник“

Редакција

Пациентите кои го преживеаја пожарот се во релативно добра состојба, сите се на кислородна поддршка

Редакција