еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани, 36.424 примиле трета доза

Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 9.009 дози вакцини, од кои 1.873 се аплицирани како прва доза, 1.580 се ревакцинирани, а 5.536 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

-Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 806.781 граѓани, ревакцинирани се 777.655, а трета доза примиле 36.424 граѓани, велат од Министерството.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, како што се посочува во соопштението, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

-Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот вицепремиер Каракачанов: Скопје не сака да признае дека Гоце Делчев е Бугарин

Редакција

Најмногу новозаболени со Ковид-19 во Македонија има кај лицата на возраст од 20-29 години

Редакција

И Мерко ќе се „спаси“ со измените на Кривичниот законик, објави СДК

Редакција