Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство (МЗ).
Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 737.060 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.475 граѓани, а само вчера вкупно се вакцинирале 13.037 граѓани.
Во државата досега вкупно се аплицирани 1.292.383 дози вакцини, а ревакцинирани се 555.322 граѓани.
– Со последните бројки 53 проценти од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, се вели во соопштението од МЗ.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, додека децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
Од МЗ, потсетуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата и дека само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.
Фото: МЗ