еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 564.488 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 741.553 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 4.251 граѓани, а вкупно се вакцинирале 13.219 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.306.042 дози вакцини, а ревакцинирани се 564.488 граѓани.

Со последните бројки, како што соопшти Министерството за здравство, 53 проценти од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29 посто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата, посочија од Министерството, се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

– Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, наведуваат од МЗ.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи: Документите што ги објавуваат некои медиуми не се финалниот француски предлог

Редакција

(Фото) Пратеничката на СДСМ Калеска Ванчева го утна името и функцијата на претседателот на украинскиот Парламент

Редакција

СЈО заврши со изведувањето докази за уривањето на „Космос“

Редакција