еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 745.415, трета доза примиле 625 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.798 дози вакцини, од кои 745 се аплицирани како прва доза, 1.999 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

“Заклучно со 7 октомври вкупно се вакцинирани 793.987 граѓани, ревакцинирани се 745.415, а трета доза примиле 625 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47%, а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Липково 22 новозаболени од Ковид-19

Редакција

Владата ќе му додели на Собранието 1,3 милиони евра за референдумска кампања

Редакција

Претседателот на Собранието, Џафери повикан во Обвинителството за истрага за неговиот избор

Редакција