еМагазин
Image default
Македонија

Румен Радев и Кирил Петков заедно ќе го посетат Благоевград и ќе положат цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев

Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска ќе го посети Благоевград по повод одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателот Румен Радев и покрај тоа што беше во карантин добил негативен тест, има бустер доза и ќе отпатува за Благоевград.

Промената на програмата ќе му овозможи и на премиерот Кирил Петков во исто време да биде во Благоевград заедно со претседателот Радев.

Со низа манифестации во Благоевград свечено ќе се одбележи годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Во 17 часот од Судскиот совет ќе започне свечена поворка во спомен на Гоце Делчев, а во 17:30 часот е свеченото положување венци пред споменикот на Делчев на плоштадот „Македонија“.

Во фоајето на Регионалниот историски музеј во градот ќе биде претставена изложбата „Бесмртниот апостол Гоце Делчев“.

Благоевград е поврзан со Гоце Делчев и неговото семејство. Таму се погребани неговиот татко и други негови роднини. Во Благоевград се спасени многу бегалци од Кукуш од почетокот на 20 век.

По Гоце Делчев е именуван и градот Неврокоп во 1951 година, каде што има споменик на херојот во ослободителната борба за независна Македонија.

Во Софија, пак, денеска вршителот на должноста амбасадор на Северна Македонија во Бугарија, Владимир Крстевски, ќе положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се ќе биде дел од македонската и бугарската делегација за заедничко чествување на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови рочишта за „ТНТ“ и „Тарифа“ на СЈО

Редакција

Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 362

Редакција

Хрватскиот премиер Пленковиќ утре во официјална посета на Македонија

Редакција