еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија ќе го премести нуклеарното оружје во близина на границата на НАТО

Русија ќе го премести своето тактичко нуклеарно оружје во близина на западната граница на Белорусија, изјави синоќа рускиот амбасадор во Минск, Борис Гризлов.

– Оружјето ќе биде преместено на западната граница на нашата сојузна држава и ќе ги зголеми можностите за безбедност. Тоа ќе биде направено и покрај вревата од Европа и од САД, изјави Гризлов за белоруската државна телевизија.

Тој не прецизираше каде ќе биде стационирано оружјето, но потврди дека складиштето ќе биде завршено, според наредбата на рускиот претседател Владимир Путин, до 1 јули, а потоа ќе се префрли во западна Белорусија. Путин на 26 март најави дека Русија ќе стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

Белорусија се граничи со Литванија и Летонија на север и со Полска на запад, кои се соодветно дел од источното крило на НАТО, по руската инвазија на Украина засилена со дополнителни трупи и воена опрема.

САД и другите сојузници на Киев изразија загриженост поради можноста Русија да испрати тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, а за американскиот претседател Џо Бајден тоа е „загрижувачки“.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во петокот изјави дека неговата земја, исто така, ќе и дозволи на Русија да распореди таму интерконтинентални нуклеарни ракети, доколку е потребно.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ГЕРБ на Борисов дава 59 гласа за поддршка на „францускиот предлог“ за Македонија оти бил најдобар

Редакција

Убава вест: Оздравени 79 болни од Ковид-19

Редакција

30 години „Варус“ на македонскиот и регионалниот пазар: Во партнерство со науката, посветени на животот

Редакција