еМагазин
Image default
Бизнис

Русија најави забрана на увозот на праски од Македонија од 15 август

Русија најави дека од 15 август ќе воведе забрана за привремен увоз на некои коскести плодови од Србија и Македонија поради загриженоста за безбедноста, соопшти рускиот регулатор за безбедност на храна, пренесува Ројтерс.

Летово од Македонија во Русија беа извезени три милиони килограми  праски, а оттаму поради соменж дека се заразени се вратени 120 илјади килограми.

Регулаторот, како што пренесува Ројтерс, соопштил дека во српските праски и кајсии увезени од 13 јули била откриена габичката „Monilinia fructicola“. Според рускиот регулатор, истата габичка била пронајдена и во плодови од Македонија.

Руската амбасада во Скопје, за МИА потврди, дека според информациите објавени на интернет страницата на руската федерална служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола „Роселкхознадзор“, воведена е привремена забрана за увоз на коскести овошја од Македонија, која што стапува на сила од 15 август, како и дека одлука за понатамошно постапување ќе биде донесена по завршување на истрагата на двата надлежни органи од Русија и Македонија.

Од амбасадата на Русија, посочуваат дека за оваа сезона од Македонија во Русија биле извезени три милиони килограми праска, а вратени поради сомнеж дека се заразени биле 120 илјади килограми.

Исто така, посочуваат дека сезоната за ова овошје е при крај и дека не биле предвидени други испораки.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска банка Битола лани со раст на добивката за 50,79%

Редакција

(Видео) Украина заплени два македонски камиони, возачите ја напуштиле државата пеш

Редакција

Останува отворен само граничниот премин Евзони до 22 часот: Нема никакви промени во правилата за влез во Грција

Редакција