Руските власти денеска соопштија дека ги ставиле американскиот претседател Џо Бајден, државниот секретар Антони Блинкен и други високи функционери на „стоп-листата“ што им забранува влез во таа држава.
Нивните имиња, заедно со секретарот за одбрана Лојд Остин, шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и други, се вклучени на списокот од 13 лица на кои им е забранет влез во Русија како одговор на санкциите воведени од Вашингтон кон руските официјални лица.
На листата е и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со Украина преговараме за воена неутралност, вели рускиот министер за надворешни, Лавров
НАТО стравува од исцениран хемиски напад од страна на Русија во Украина
МИА/Фото: Фејсбук/Бајден