еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Руската Федерална агенција за биомедицина oткри нова опасна мутација на Kовид-19 која ја намалува ефикасноста на вакцините

Руската Федерална агенција за биомедицина (ФМБА) откри нова мутација на коронавирусот, која е способна да ја намали ефикасноста на лекувањето и превентивните лекови, вклучувајќи ги и вакцините, соопшти денеска агенцијата.

„Руски научници од ФМБА открија нови варијанти на SARS-CoV-2 вирусот. Мутациите се откриени примарно во S протеинот и во доменот на врзување за човечките рецептори.

Може да ги промени биолошките својства на вирусот и клиничките знаци на инфекцијата, а може да ја намали и ефикасноста на лекувањето и постојните вакцини, кои се тестирани на претходните видови на Ковид-19“, наведува ФМБА.

Засега не е познато името на откриената мутација на коронавирусот.

МИА/Фото: Photo by Viktor Forgacs on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „зовре“: „Само ние и бубашвабите можеме да издржиме вакво загадување„

Редакција

Кавадаречката Стил-М АБЦ отвара нова фабрика во Градско, инвестиција од 10 милиони евра

Редакција

Зошто се слави 8. Март

Редакција