еМагазин
Локално

„Руски рулет“ на улиците на Скопје: За еден ден фатени 36 лица без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информира МВР.

„Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 36 санкции, 17 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 24 за користење на мобилен телефон.

Изречени се 42 санкции за непочитување на брзината на движење, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 33 мерки за непрописно паркирани возила и 11 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девојка нападната пред угостителски објект во Струмица

Редакција

Хаос во Кондово: Со „ауди“ удрил полицаец, па ги нападнале полицајците кои дошле да го приведат

Редакција

(Фото) Во сообраќајката кај Битола загина 42-годишен битолчанец

Редакција