еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Акцијата „Планина“ пробиена, нарко босовите на групите во Грчец и Гази Баба во бегство

Во акцијата „Планина“, извршени се претреси на 35 локации во село Грчец и Гази Баба, 22 лица се лишени од слобода, а по шест се трага, информираше на денешната прес-конфернеција шефицата на Основно јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, нагласувајќи дека се фатени само продавачи, додека наркобосовите се недостапни за органите за прогон.

Таа истакна дека имаат сознанија дека акцијата во село Грчец е пробиена и таму каде што имале сознанија каде се чува дрогата било се исчистено, така што полицијата и инспекторите не успеале да пронајдат поголема количина дрога.

– Во село Грчец се извршени претреси на 26 локации. Лишени се од слобода 13 лица, од кои за девет лица е определена мерка притвор, за три мерка куќен притвор и за едно лице мерки за претпазливост. Од оваа група пет лица се недостапни.

Што се однесува за криминалната група од Гази Баба извршени се претреси на девет места, од кои осум лица се приведени и се наоѓаат во притвор, а по едно лице се трага, наведе Рускоска.

Таа посочи дека од двете локации, односно од двете групи, се одземени повеќе од 80 илјади евра, повеќе од 300 илјади денари и 500 франци. Како што рече, сè уште не се спроведени вештачењата на одземените наркотични средства, па поради тоа не може да информира за точната количина, но наведе дека станува збор за над пет килограми марихуана и околу околу 600-700 грама кокаин.

Обвинителката додаде дека се одземени само три возила и тоа две од криминалната група од село Грчец, една од Гази Баба, со тоа што најлускузните возила кои ги поседуваат водачите на групата во Грчец биле отстранети и биле најдени само клучеви.

– Сакам да потенцирам дека најголем дел од парите и запленетата наркотична дрога се пронајдени при претресите извршени во Гази Баба, додека многу малку е пронајдено и одземено во село Грчец затоа што според посебните истражни мерки кои денеска завршуваат, а се однесуваат на овие шест лица по кои се трага имаме сознанија дека акцијата во село Грчец е пробиена и од тие причини и таму каде што имавме сознанија каде се чува дрогата беше се исчистено така што  полицијата и инспекторите не успеаја да пронајдат поголема количина.

Севкупно тука се три локации, пронајдени се некаде околу 100 грама кокаин, нагласи обвинителката.

Таа потенцираше дека без разлика на количината на пронајдената и одземена наркотична дрога Обвинителството располага со цврсти докази за сите лица за кои е издадена наредба за спроведување на истражна постапка.

Обвинителката информираше дека е тргнато едно малолетно лице од криминалната група од село Грчец, затоа што за него ќе се отвори посебен предмет по Законот за деца.

–  Тие дрогата не ја чуваат во своите дворови, туку многу подалеку на безбедни локации. Ние успеавме да дознаеме мал број на тие скриени локации, каде што веќе дрога не е пронајдена. Дали тие учествувале и во други кривични дела сега не знам.

Ние предметот го отворивме за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и прекурсори и се сконценриравме на докази за ова кривично дело. При претресите не се најдоа такви докази, но од телефоните кои ќе бидат вештачени ќе видиме дали се работи и за некое друго кривично дело, образложи Рускоска.

Обвинителката посочи дека немаат информации како е пробиена акцијата, додавајќи дека главните се во бество и по нив се трага.

– Доколку беа фатени и одземени телефоните веројатно ќе имавме повеќе податоци. Но и покрај се, од оние уреди што се одземени ќе видиме дали има поврзаност со луѓе вработени во МВР или во други институции.

Доколку има и тие ќе бидат изведени пред лицето на правдата. За жал, фатени се само продавачите, но Обвинителството располага со доволно докази и за наркобосовите и се надевам дека во брзо време истите ќе бидат фатени и изнесени пред лицето на правдата, рече Рускоска.

Во рамки на акцијата, како што истакна обвинителката, биле побарани наредби за следење на комуникација и посебна истражна мерка „тајно следење и снимање вон приватен имот“.

– Истражителите на Обвинителството беа во техниката каде што се вршеше прислушувањето, односно следење на комуникациите кога имаа сознанија дека одредени лица ќе вршат продажба на наркотична дрога.

Се координираа со другите истражители, а овие со службата за следење при што откако ќе се документираше продажбата со помош на одбрани лица на интервентната полиција се вршеше запирање или запирање на улица при што им беше одземена наркотичната дрога што ја имаа купено, наведе Рускоска.

Таа рече дека доколку лицата ја купувале за лична употреба, дрогата била одземана и давана на вештачење, а доколку ја купувале за понатамошна продажба, биле поднесени кривични пријави за поединци кои оделе по основните обвинителства, најчесто во ОЈО Скопје.

– Така цела година собиравме докази за сите членови на овие групи, зборам во множина, затоа што немаме доказ дека се меѓусебно поврзани и ќе бидат работени во два посебни предмети, истакна Рускоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русковска: Меѓу приведените во акцијата во Грчец засега нема и полицајци

Во полициска акција во Грчец, Гази Баба, Чаир и Синѓелиќ приведени 21 лице, запленети дрога, пари, автомобили…

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Каролина Гочева како модна инспирација за MANGO жената

Редакција

Алтернатива: Немаме информации дека ќе бидеме заменети во Владата во која бевме замолени да влеземе

Редакција

И Русите со двојно државјанство ќе може да бидат повикани во војска, Путин потпиша указ

Редакција