Бизнисменот Орце Камчев со спогодба признал вина за случајот Империја и е осуден на една година затвор, ова за Топ Тема на Телма го изјави раководителката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Русковска појасни дека Камчев поднел барање за спогодба пред 15-тина дена, а пред два дена спогодбата поминала и на суд.
Покрај затворската казна, Камчев ќе уплател и 5,1 милиони евра на државниот буџет преку Управата за јавни приходи (УЈП).
-Предлог спогодбата со Камчев е прифатена во средата. Од фирмата Кара односно Орка Холдинг ќе бидат уплатени 320 милиони денари (околу 5,1 милион евра, н.з.). Фирмата е на Орце Камчев. Тие средства треба да се уплатат на УЈП.
Предлог-спогодбата беше верификувана од судија на претходна постапка. Ова значи дека нема да се води постапка птротив него, а тој се согласи на казна од една година затвор, вели Русковска во интервјуто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МИА