еМагазин
Свет

САД одобри тест за коронавирус кој чини пет долари

Американската управа за храна и лекови издаде одобрение за употреба на тест за коронавирусот, направен од компанијата „Абот Лабораторија“ (Abbott Laboratories), кој може да помогне за поголем број тестирања.

Од компанијата соопштија дека планираат да испорачаат десетици милиони тестови во септември и дека ќе можат да го зголемат производството до 50 милиони тестови во октомври, по цена од пет долари.

Тестот е со големина на кредитна картичка, а резултатите ќе бидат готови за 15 минути. Примерокот се зема со назален брис.

Како што пренесуваат странските агенции, овие тестови не се толку прецизни како оние што моментно се користат, но ќе овозможат побрзо и почесто тестирање. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Италија речиси 100.000 болни со коронавирусот, вчера починале 756 луѓе

Редакција

Столтенберг: Внатре во НАТО има несогласувања

Редакција

Во Вухан, каде почна епидемијата на Ковид-19 за половина месец истестирани 11 милиони жители

Редакција