еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во Италија речиси 100.000 болни со коронавирусот, вчера починале 756 луѓе

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 707.738 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 33.526, а оздравеле 150.732 лица.

Италија објави нови бројки за заразените со коронавирусот – од вчера бројот на заразени се зголеми за 3.815 лица, а од почетокот на пандемијата во таа земја инфицирани се вкупно 97.689. За последното деноноќие починаа уште 756 луѓе, со што бројот на смртни случаи се искачи на 10.779, а оздравеа 13.030 лица.

Милиони Американци ќе бидат заразени со Ковид-19, а фатално би можеле да завршат меѓу 100.000 и 200.000 луѓе, изјави денеска инфектологот и советник на претседателот Доналд Трамп за коронавирусот, Антони Фаучи.

Во моментов во Франција се хоспитализирани 19.354 лица низ целата земја. Од нив 4.632 сериозни случаи бараат многу тешка интензивна нега. Од овие пациенти 34 отсто се помлади од 60 години. Во последните 24 часа 359 лица поминале на интензивна нега.

Словенечката Влада го усогласи пакетот закони со финансиски и даночни олеснувања и субвенции за економијата и граѓаните погодени од епидемијата на коронавирусот и одлучи од првобитните две милијарди помош да ги зголеми на три милијарди евра. Законот, меѓу другото, предвидува префрлување на трошоците на уплата на придонес за вработени во фирмите и за надомест за чекање и време на боледување од работодавачот на државата и државниот завод за здравствено осигурување.

Во текот на денешниот ден во Хрватска се потврдени 56 новозаразени од коронавирусот и сега има вкупно 713, а 55 се излекувани. Шест лица починаа во таа земја.

Во областа Псков, во европскиот дел на Русија, почина првата личност од коронавирусот, соопшти денеска локалниот кризен штаб.

Потврден прв смртен случај во Сирија.

Берлинските клубови задоволни со одзивот на нивната секојдневна стриминг програма, воведена откако на 13 март поради пандемијата со коронавирусот беше забранета работа со публика.

Само во првата недела забележани се над три милиони корисници на стримот #Unitedwestream”, изјави портпаролот на група берлински клубови.

Гренланд денеска забрани консумација на алкохол во главниот град Нук и блиските населби, во обид да го намали насилството над децата во време кога луѓето мора да останат во своите домови за да се запре ширењето на вирусот. Се забранува во целост продажба на алкохолни пијалаци, а одлуката стапува во сила веднаш и ќе трае до 15 април.

Во Велика Британија потврдени се 1.288 смртни случаи и 19.522 заразени.

Одговорот на Европската комисија на кризата со коронавирусот ќе ја одреди нејзината веродостојност во иднина, оцени денеска француската министерка за европски прашања, Амели де Моншен.

Ако Европа е единствен пазар само во добри времиња, тогаш таа нема смисла, вели француската министерка, откако ЕУ минатата недела не успеа да договори заеднички мерки за помош на економијата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто и како почина најмладиот пациент од коронавирусот во Македонија, кој имаше 31 година

Први случаи на заболени со коронавирусот во Струмица и Гевгелија

Уште 2 лица починаа од коронавирусот: 18 нови случаи, вкупната бројка на заболени 259 лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штерјо Наков и Драган Наков избрани за членови на Одборот на директори на Лотарија на Македонија

Редакција

Филипче ќе почека да заврши истрагата и ќе донесе одлука за оставка

Редакција

Бруто надворешниот долг на Македонија 9.977 милиони евра

Редакција