еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бруто надворешниот долг на Македонија 9.977 милиони евра

На крајот на март од 2022 година, бруто надворешниот долг изнесува 9.977 милиони евра, или 74,9% од проектираниот бруто-домашен производ (БДП), информира Народна банка.

Бруто надворешните побарувања, на крајот на првиот квартал од 2022 година, изнесуваат 5.917 милиони евраили 44,4% од проектираниот БДП.

Нето надворешниот долг изнесува 4.060 милиони евра, односно 30,5% од проектираниот БДП.

Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 58%.

Во текот на првиот квартал од 2022 година негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 481 милион евра и изнесува 7.789 милиони евра, што претставува 58,5% од проектираниот БДП за 2022 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Д-р Жан Митрев: Нашата Клиника една од ретките без заразен персонал од корона вирусот, почнуваме со редовна работа

Редакција

Државна ревизија: Зградата и земјиштето на Собранието без имотен лист

Редакција

Моќта на македонскиот пасош: Во колку земји можете да патувате

Редакција