еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Моќта на македонскиот пасош: Во колку земји можете да патувате

„Хенли и Партнери“ (Henley & Partners), водечка светска консултантска компанија за планирање жителство и државјанство, и Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), редовно ги рангираат најсилните и најслабите пасоши во светот.

Тие го проценуваат бројот на дестинации до кои може да одат имателите на пасоши без виза или со виза. Сингапурскиот пасош беше оценет како најдобар. Со него можете без виза да влезете во 193 земји. Германскиот пасош овозможува безвизен влез во 190 земји.

Кога станува збор за пасошите на земјите од поранешна Југославија, најдобро котира Словенија. Со пасошот на таа земја се отвора врата за 184 земји. Во 176 земји без виза можете да патувате со хрватски пасош, а во 138 со српски пасош.

Следат Македонија и Црна Гора со 125 и 124 земји, соодветно, додека пасошот на Босна и Херцеговина дозволува пристап до 118 земји. Најлошо се пласираше Косово. Со тој пасош можете без виза да влезете во само 42 земји.

„Хенли и партнери“ наведуваат дека „земјите се поподготвени да ги отворат своите граници за граѓаните од побогатите земји, веројатно поради поголемите економски придобивки во форма на трговија, туризам и инвестиции“.

Спротивно на тоа, имателите на пасоши од земји со „висока стапка на сиромаштија и економска нестабилност […] претставуваат висок ризик од прекорачување на времетраењето на нивната виза“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Мадона сè уште најпродавана пејачка на сите времиња, го држи рекордот од 2009 година

Редакција

Дизелот поскапува за 1,5 денар, цените на бензините остануваат исти

Редакција

Едно лице загина, а дваесетина се повредени во сообраќајка помеѓу комбе со работници и автомобил

Редакција