еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поскапува за 1,5 денар, цените на бензините остануваат исти

Од ноќеска на полноќ, дизелот поскапува за 1,5 денар и ќе чини 95,5 денари, а цените на бензините остануваат исти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според РКЕ, за 0,5 денари се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, додека мазутот поскапува за 0,503 денари.

„Еуросупер БС-95“ ќе чини 95,50 денари за литар, цената на „еуросупер БС-98“ и натаму ќе биде 98 денари, екстра лесното масло ќе се продава по 94 денари, додека мазутот по 53,343 денари за килограм.

Со најновата Одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40 отсто во однос на Одлуката од 27 јули 2022 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Товарниот железнички сообраќај стартува, а патничкиот од вторник, прекинат бојкот

Редакција

Во Македонија молк за провокацијата со картата на Санстефанска Бугарија која ја објави Каракачанов

Редакција

(Видео) Четврти подвиг летово: Младиот Марко Пејчиновски преплива 30 км од Струга до Св. Наум

Редакција