еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Македонија молк за провокацијата со картата на Санстефанска Бугарија која ја објави Каракачанов

Бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов со карта на т.н. Голема или Санстефанска Бугарија честиташе 8 Март.

На картата освен делови од денешна Македонија, влегуваат делови и од денешни Албанија, Србија и Грција.

Од македонските власти засега нема никакви реакции, не за друго Каракачанов не е обичен граѓанин, туку министер и вицепремиер на земја членка на НАТО и Европската Унија.

ПОВРАЗНИ ВЕСТИ

(Фото) Каракачанов со карта на Санстефанска Бугарија, во која влегува и Македонија честиташе 8 Март

(Документи) Што пишува во досието на Каракачанов кога работел како агент за бугарската служба за безбедност

Од агент на бугарската служба за безбедност до вицепремиер: Кој е Красимир Каракачанов

Сонот за т.н. Голема Бугариjа

Санстефанска Бугариjа е иредентистички поим со кој се опфаќа предложената територија на Бугарија (автономно, вазално кнежевство на Отоманското Царство со христијанска влада и народна милиција) во периодот (3 март – 13 јули 1878) дефинирана по склучувањето на Санстефанскиот договор помеѓу Руската Империја и Отоманското Царство во 1878 година.

Тој проект никогаш не се остварил, но одиграл огромна улога во формирањето на бугарскиот национализам.

Санстефанска Бугарија е држава која би се создала по Санстефанскиот мировен договор од 1878 година со кој Бугарија добивала автономија, и како таква таа би била најголема држава на Балканот во тоа време.

Таа требало да ги опфаќа териториите од Дунав долж новосоздадената српска граница и по западната граница преку Врање до Скопска Црна Гора. Оттаму границата преминувала по западните граници на Куманово, Кочани, до Кораб планина.

Потоа, границата се спушта на југ по Црн Дрим и потоа по западната граница на Охрид, Старово и Корча до планината Грамос. Понатаму, границата тргнува на исток преку Костурското Езеро, стигнувала до река Магленица и се спушта до Солунскиот Залив.

Границата го заобиколува Солун и преку езерото Бешик Ѓол излегува на Орфанскиот Залив. Од Бурувиот Ѓол границата се извиткува на север кон Родопите до Чепеларе, каде завива на исток и се спушта по Арда, па минува преку Источна Тракија до Црно Море, оставајќи го Едрене во Османлиското Царство, а Лозенград, Лилебургас и Мало Трново во Бугарија. Границата го напушта морскиот брег при Мангалија и преку Добруџа излегува на Дунав при Расово.

Користени материјали од Википедија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На крајот на 2022 година регистрирани 9.699 слободни работни места

Редакција

Врховен ја потврди 9-годишната затворска казна на Груевски за „Плацови на Водно“

Редакција

(Вознемирувачко видео) Нова снимка од нападот на железничката станица во Краматорск

Редакција