еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Откриени скалите на бањата Силоам, каде што Господ Исус го исцелил слепородениот човек

Новиот проект за археолошки ископувања во Ерусалим откопа скалила невидени повеќе од 2.000 години, на место каде што Господ Исус Христос излекувал слеп човек, објави „Фоксњуз“, а пренесе bigorski.org.mk.

Израелската управа за антиквитети, Израелската управа за национални паркови и фондацијата „Градот Давидов“ на почетокот на оваа година објавија дека бањата Силоам, библиско место кое го почитуваат и Христијаните и Евреите, ќе биде отворено за јавноста во блиска иднина за прв пат по 2.000 години.

Последниве недели, археолозите постигнаа значителен напредок во ископувањето, откопувајќи околу осум скалила кои се спуштаат во бањата.

„Тековните ископувања во Градот Давидов – историското место на библискиот Ерусалим – особено на бањата Силоам и на патот за поклонение, претставуваат како една од најголемите афирмации на тоа наследство и на милениумската врска што Евреите и Христијаните ја имаат со Ерусалим“, изјави Зеев Оренштајн, директор на Фондацијата за меѓународни односи – Градот Давидов, за Fox News Digital.

Тој додае дека „не е само прашање на верата, туку неоспорен факт.“

Мал дел од бањата, кој е целосно ископан, е достапен за јавноста веќе неколку години. Поголемиот дел од бањата сè уште се ископува и ќе се отвора поединечно, или откако ќе се откопа целата локација.

Настанот во кој Господ Исус го исцелува слепиот човек е опишан во Евангелието според Јован.

Кога одеше, виде еден човек, слеп од раѓање. Учениците Негови Го прашаа и рекоа: „Рави, кој згрешил? – тој или родителите негови, та се родил слеп?“ Исус им одговори: „Ни тој, ниту родителите негови згрешиле, туку за да се јават делата Божји врз него. Јас треба да ги вршам делата на Оној што Ме прати додека е уште ден; зашто настапува ноќ кога не ќе може никој да работи. Додека сум во светот, Јас сум Светлина на светот“. Штом го рече тоа, плукна на земја, направи кал со плунката и ги намачка со неа очите на слепиот, и му рече: „Отиди и измиј се во бањата Силоам!“, што значи: „Испратен“. Тој отиде, се изми и дојде гледајќи .

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И моето дете има право да ги користи сите права, како и другите, вели Џафери за синот кој ќе стане обвинител

Редакција

Почна летното сметање на времето: Стрелките на часовникот се поместија за еден час понапред

Редакција

Возачот немал никаква реакција, а не работел ни АБС системот за кочење: Судење за несреќата кај Ласкарци

Редакција