еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зошто и како почина најмладиот пациент од коронавирусот во Македонија, кој имаше 31 година

Смртта на 31 годишниот пациент од Скопје, заболен од коронавирусот, кој моментално е најмладиот починат од вирусот, ја потресе јавноста.

Тој како што објасни на денешната прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче, бил примен на Инфективната клиника во Скопје на 23 март.

Филипче нагласи дека ја имал најтешката форма која е досега опишана во медицинската литература за компликации од коронавирусот.

Тој рече дека кај овој пациент имало нагло влошување на состојбата. Бил поставен на респиратор, меѓутоа неговата клиничка слика била со крвавење и практично имал распад на белите дробови.

“Еден ризик фактор кај него е обезноста што ја имал. Обезноста во вакви случаи е ризик фактор“, нагласи Филипче.

Овој случај е доказ дека вирусот не штеди никој, рече министерот.

„Тоа е доказ дека вирусот не штеди никого, никој не е имун, ниту е заштитен. Стануваше збор за најтешката можна форма на клиничка манифестација на оваа болест.

Сите кои досега не беа убедени за сериозноста на вирусот, сега верувам дека им е јасно дека ова е многу сериозна закана. Дека мораме сериозно да се однесуваме.

Нема да биде лесно, апелирам сите да ги почитуваат препораките, да не се шири паника, да се однесуваме одговорно. Оваа борба зависи од секој еден од нас“, рече министерот Филипче.

За тоа како починатиот се заразил со вирусот, министерот најави дека дополнително ќе информира откако ќе се провери неговата епидемиолошка анкета.

Што е обезност?

Обезност или гојазност е состојба која многу често се среќава во денешно време. Таа треба многу сериозно да се сфати, бидејќи може да предизвика разни проблеми, како што се проблеми со срцето, дијабет, хипертензија, карцином и многу други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Први случаи на заболени со коронавирусот во Струмица и Гевгелија

Уште 2 лица починаа од коронавирусот: 18 нови случаи, вкупната бројка на заболени 259 лица

Вкупно се 19: Во кои објекти во Македонија се носат во државен карантин повратниците од странство

Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се уште сме му потребни на Леонид, лечењето продолжува, потребни се средства

Редакција

Младиот пливач Пејчиновски доби стипендија од Владата, одлуката му ја врачи премиерот Ковачевски

Редакција

40-годишник од Скопје пронајден мртов во објект во изградба

Редакција