еМагазин
Image default
Свет

САД загрижени поради зближувањето на Кина и Русија

САД и нивните западни сојузници се повеќе се загрижени поради зајакнување на соработката меѓу Русија и Кина во области од заеднички интерес, изјави денеска командантот на силите на НАТО за Европа, Тод Волтерс.

Тој рече дека зајакнувањето на соработката „апсолутно сугерира појава на партнерство“.

Според Волтерс, партнерството има за цел унапредување на заедничките интереси, што може да биде на штета на Европа и околните земји.

НАТО ја обвинува Русија дека се обидува да го дестабилизира Западот со ново нуклеарно оружје, кибернапади и прикриени активности. Европската унија, од друга страна, чии многу земји се членки на НАТО, ја гледа Кина како ривал во нејзината сфера на влијание, но и како трговски партнер.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАТО отвара 4 нови бази во Унгарија, Романија, Бугарија и Словачка, како одговор за евентуални хемиски напад од Русија

Редакција

Русија го прекина снабдувањето на Финска со електрична енергија

Редакција

Мапа: Црниот биланс од коронавирусот порасна на 305 лица, прв смртен случај надвор од Кина

Редакција