еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Саемот на книга ќе се одржи од 3 до 9 мај во арена „Борис Трајковски“

34.издание на Саемот на книга се враќа во редовниот, пролетен термин на одржување.

Оваа година ќе се одржи од 3. до 9. мај, во Арена Борис Трајковски, под покровителство на Министерството за култура, кое традиционално ја поддржува оваа најголема културна манифестација.

Сите значајни издавачки куќи најавија дека ќе се претстават со своите најнови наслови – изданија за 2022 година, средби со автори, но и голем дел на промоции и попусти за време на саемските денови. Учество најавија и издавачки куќи од регионот.

Покрај враќањето на Саемот на книга во редовниот термин на одржување, се очекува да се вратат и групните посети за учениците и училиштата.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Матица македонска“ отвори книжарница-галерија

Редакција

„Витаминка“ досега издвои буџет од 3,5 милиони денари за поголем број донации онаму каде е потребно

Редакција

Договори за месечен надомест за практикантска работа за учениците од ЕВН паралелката

Редакција