еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Витаминка“ досега издвои буџет од 3,5 милиони денари за поголем број донации онаму каде е потребно

Со цел укажување помош во најкритичните моменти со кои се соочува државата, „Витаминка“ издвои буџет од 3,5 милиони денари за поголем број донации што се реализирани од почетокот на кризата со Ковид-19 па досега, информираат од компанијата.

Донациите се во финансиски средства, набавка на средства за дезинфекција и прехранбени производи. Најголема помош е издвоена за Министерството за здравство, каде е донирано медицинска опрема, медицински потрошен материјал, средства за дезинфекција, 1.000 PCR тестови за Ковид-19 во вкупна вредност 1.732.510 денари.

Како одговор на потребите во дадениот момент, неопходна медицинска опрема е донирана и во Здравствениот дом Прилеп, а за вработените на Инфективната клиника во Скопје како благодарност за нивната пожртвуваност во борбата со Ковид -19, компанијата достави пакети со прехранбени производи за сите 170 вработени, со вкупна вредност од 243.616 денари,“ се вели во соопштението.

Покрај помошта упатена во клучните сектори каде што е потребна, „Витаминка“ помогна и на ранливите групи граѓани преку донации на финансиска помош, средства или производи доделена преку невладини и хуманитарни организации.

За поголема заштита и превенција од Ковид-19, компанијата со прехранбени производи и средства за дезинфекција во вкупна вредност од 550 илјади денари ги помогна и општините Прилеп, Кавадарци и Штип.

Витаминка со својата хуманост и солидарност во овие кризни и вонредни моменти не ги заборави ни своите вработени со доделување пакет прехранбени производи, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Алкалоид“ донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман

Иницијативата на дизајнерите е полн погодок: Дневно се печатат по 1.000 заштитни маски на 3D принтери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секоја недела во Sport Life: Акција за најмногу погодени натпревари на тикет

Редакција

(Фото) Мерка за почит: Маркетите „Гранап“ со подни знаци против корона вирусот

Редакција

Борче Стаменов „Донирај компјутер“ е еден од добитниците на наградата „7 Септември“ на Општина Кавадарци

Редакција