еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За тие што имаат автомобили со бугарски таблички: До 6 месеци возилата може да престојуваат во Македонија и да не плаќаат давачки

Најмногу до шест месеци можат странските возила да престојуваат на територијата на Република Северна Македонија и во тој временски период не плаќаат никакви давачки на државата, освен патарина заради тоа што се движат.

Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарските прашања каква е законската регулатива, колкав временски период може да се управуваат моторни возила со странски регистарски ознаки на територијата на нашата држава, дали МВР врши контрола над овие возила и дали во тој период од шест месеци освен патарина овие возила плаќаат некакви давачки на државата.

Спасовски нагласи дека нема промени во делот на граничното управување, има посебни законски членови за царинско работење, а МВР соработува со Царинската управа.

– Апсолутно никој нема ништо против никого во државата, меѓутоа сакаме тоа што е Закон, така како што се почитуваат во другите држави, да се почитува и овде, изјави министерот Спасовски по денешната посета на СВР Струмица и средбата со градоначалникот Костадин Костадинов.

Потенцира дека е зголемен бројот на сообраќајните контроли, што придонесува до извонредни резултати.

Министерот Спасовски наведе дека во 2013 година имало некаде 198 жртви во сообраќајни незгоди, оваа година околу 112, тоа доволно говори за ангажираноста на полициските службеници, меѓутоа и за подигањето на јавната свест кај граѓаните.

Спасовски апелираше да се почитува законската регулатива.

Меѓу другото министерот Оливер Спасовски нагласи дека еден од најсилните партнери на МВР се и медиумите. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради нерегуларности при вработувањата, контролорите на летање најавија штрајк на 12. октомври

Редакција

„Гепек во најава“: Твитер реакции за тоа дека бизнисменот Сеад Кочан треба да се јави во затвор на 17. јули

Редакција

Велигденските и Рамазанските празници да се прослават дома, апелираше Спасовски

Редакција