еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради нерегуларности при вработувањата, контролорите на летање најавија штрајк на 12. октомври

Синдикатот на контролори на летање најавува штрајк за 12. октомври, поради како што велат, неправилности во професионалниот дел, за начинот на селекција на кадри, прераспоредувањето на портирите преку ноќ во Контролата на летање, како советници на советниците за советнички прашања, како и на измислени работни места во одделот за човечки ресурси, како помошници на контролорите за летање.

Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контролори на летање вели дека раководството распишува оглас, и вработуваат портири, кои преку ноќ ги известуваат дека имаат нова обука и платата на несудените портири им расте за 30.000 денари.

Од Синдикатот на контролори на летање истакнуваат дека поради стара техника, авиосообраќајот над небото на Македонија оваа лето бил принудно намален.

„Техниката стара 22 години не можеше да покрие толку авиони. За да не прегрее системот, ги одбивавме барањата за прелети“, вели Тасевски.

Тасевски обвинува и дека раководството наместо да купи нов систем за контрола на летовите и да се замени постоечкиот од 1999 година, одлучило да потроши речиси 500.000 евра за реновирање стара гаража за службени возила.

Штрајкот на контролорите на летање е и поради лошите услови за работа.

Фото: М-АНАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Купената облека и обувките наместо во бутик ќе ги пробуваме дома

Редакција

ЗНМ: Новинари од 27 април по втор пат жртви, овој пат од судот

Редакција

Потврдена пресудата за поранешниот француски претседател Саркози за корупција, ама нема да оди во затвор

Редакција