еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Врховниот суд на САД го отфрли барањето за дисквалификација на Трамп од претседателските избори

Врховниот суд на САД го отфрли случајот со кој се бара дисквалификација на Доналд Трамп од претседателските избори во 2024 година, врз основа на уставната одредба која забранува секој што „учествувал во бунт“ да извршува јавна функција.

Судиите ја отфрлија жалбата на Џон Ентони Кастро, даночен консултант од Тексас, кој побара Трамп, во рамките на 14-тиот амандман на американскиот Устав, да биде дисквалификуван како кандидат за претседателска номинација на Републиканската партија.

Во својата тужба, Кастро наведува дека Трамп, со своите постапки за време на немирите и нападот на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година, учествувал во бунт со неговите поддржувачи.

МИА/Фото: Трамп/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Благодатниот оган од Ерусалим пристигна во Бигорскиот манастир

Редакција

Споменици на бранителите ќе има, градоначалникот на Желино да не мудрува, половина од градбите во општината му се дивоградба, вели Петровска

Редакција

„Макпетрол“ не е никаков монопол – во Македонија има над 40 лиценцирани увозници на природен гас

Редакција