еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Саемот на книга со богата седумдневна програма

Уживањето во светот на секоја нова книга е уникатно чувство, а скоро секогаш за љубителите на читањето се категоризира како незаменливо. Но, доживувањето и искусувањето на нова книга во рацете е нешто сосема уникатно и посебно, коешто не може целосно да се замени и спореди со читање на истиот наслов во аудио или електронски формат.

Мирисот на нова книга дефинитивно ја најавува пролетта, а со тоа и годинешното 35. издание на Меѓународниот Саем на книгата, во организација на Скопски Саем и Глобал Медиа Гроуп, а поддржан од Министерство за култура.

Јубилејниот 35. Саем на книгата, ќе се одржи од 4 до 10 мај 2023 година, во Арена – „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Современите технологии во ерата во којашто живееме, често се од големо значење и сè повеќе имаат предност во секојдневната комуникација, образованието и формата на читањето и впивањето на информации. Тоа е една од најглавните причини зошто мораме да  се потсетуваме постојано за давањето предност на пишаниот збор и книгата.

Читањето е најздравата умствена исхрана, која што не смее да се изостави од навиките на модерното секојдневие, – особено кај помладите генерации. Затоа и 35. Меѓународен саем на книгата е значително важен настан, кој што со почеток од 4 мај, цели 7 денови ќе биде јадро и магнет на најдобрите домашни и странски наслови. Секоја книга поседува свој универзум, а на читателите им преостанува само да се охрабрат и да ја свртат првата страница,“ изјави Даниела Глигоровска, управител на Скопски Саем.

Саемот расте и еволуира со текот на годините и истиот обезбедува платформа за читателите и издавачите да се поврзат и да ја споделат љубовта кон истражувањето на нови содржини и нови светови.

Саемот на книга е фантастична можност да се прослави јадрото на слободата на мислата на човекот преку пишаниот збор, – книгата. Оваа година, посетителите на овој суштински културен настан, можат да очекуваат широк спектар на книги од многубројни познати, но и нови домашни и странски автори, – покривајќи жанрови и стилови во склоп на белетристика, публицистика, книги за деца и уште многу повеќе.

За повеќе информации, следете го Скопски Саем на skopskisaem.mk и на @skopski.saem на Instagram и Скопски саем – Skopski saem на Facebook.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Падна“ седумка на Лото во износ од 669.330 евра

Редакција

Отстранете го чувството на вина од вашето мени – „Junk free, guilt free”

Редакција

(Фото) Ганка Цветанова и Сашко Кедев се искачија на швајцарскиот врв Монк

Редакција