Поради зголемениот интерес од страна на читателската публика, а воедно и поради почитување на протоколите за заштита од Ковид – 19, организаторите на Саемот на книга заедно со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија, донесоа одлука Саемот на книга да има продолжено работно време во петок (11.09.2020) и и сабота (12.09.2020).
Работното време за петок (11.09.2020) е од 10:00 до 21:00 часот, а работното време за сабота (12.09.2020) е од 10:00 до 22:00 часот. Сите други денови останува со редовното работно време.
Ги потсетуваме сите посетители, со цел да се избегнат гужвите на билетара, дека својот билет за Саем на книга можат да го купат и преку оn-line електронскиот систем на www.karti.com.mk по цена од 30 денари (директен линк: www.karti.com.mk).
Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
ПРОМОТИВНА ОБЈАВА