еМагазин
Image default
Локално

Само во Македонија: Организирал прослава иако бил во изолација поради Ковид-19

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Н.Т.(18) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира МВР.

Пријавениот, на 17.10.2020 во својот дом во Кочани организирал прослава на која присуствувале поголем број лица, иако бил должен да ја извршува мерката изолација во домашни услови, со издадено Решение на 14.10.2020 од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Другарите го оставиле: Момче качено на дрво на „Партизанска“ спасено од пожарникари

Редакција

Радовишанец физички нападнат од раководител на фирма и други лица во Неготино

Редакција

Почина работник додека извршувал работни задачи во локомотива

Редакција